Кинез украл автомобил и задавил бебе на задното седиште!

6 март, 20130
4

Пекинг – Крадец на автомобили во Кина удавил двомесечно бебе бидејќи го нашол на задното седиште од украдениот автомобил, соопштила полицијата.

Бебето се наоѓало во автомобилот кој Џоу Сиџун го украл во понеделникот во североисточната провинција Џилин. Исчезнувањето на бебето предизвикало масовна потера каде учествувале илјадници полицајци и таксисти, се додека убиецот не се предал сам следниот ден при што го признал убиството.

Родителите го оставиле на десет минути бебето во автомобилот врзано на задното седиште со упален мотор и кога се вратиле констатирале дека автомобилот го нема. Родителите биле избезумени од болка кога ја слушнале ужасната исповест од страна на убиецот на нивното бебе.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber