Кит Џукс, главниот стратег за валути во банката „Societe Generale“, измислил т.н. секси индекс на валути.
Тој објасни дека тоа се валути со атрактивна основа – здрав баланс на плаќање, висок курс и силен раст, пренесуваат медиумите.
Покрај наведените фактори, она што валутите ги прави атрактивни за трговците се високата каматна стапка и силниот трговски баланс.
На приложената табела е прикажано дека меѓу валутите на десната страна на “секси индекс”се норвешката круна, австралискиот долар, новозеландски долар, швајцарскиот франк, шведската круна и мексичкиот песос, кој не е во табелата.
На левата страна е паритетот на куповната моќ, показател на скапата валута.