Кокосовото масло е одлично за косата

popara12 февруари, 20131min01
kokos

Редовната употреба на кокосовото масло ќе ја зајакне вашата вашата коса.

Кокосовото масло со векови е еден од најдобрите прозиводи за коса, бидејќи ја прави поубава и поздрава, благодарение на есенцијалните протеини кои ги содржи.

  • Редовното користење на ова масло ја зајакнува косата, бидејќи продира до самиот корен и делува на секое влакно;
  • Ако го користите пред шампонирање, кокосовото масло го решава проблемот со првутот;

Може да  го користите на неколку начини:

За длабоко продирање, три или четири лажици масло нанесете на скалпот пред спиење, ставете капа за туширање и оставете да делува во текот на ноќта. Наутро вообичаено измијте ја косата. Доколку имате помаку време, нанесете иста количина од маслото на косата и оставете да делува најмалку три часа, а потоа измијте ја косата.

За да се ослободите од првутот, половина час пред да ја измиете косата на коренот нанесете две или три лажици кокосово масло. Со масажа на скалпот ќе се ослободите од акумулираниот стрес.

  • Кокосовото масло е одлично и за нега на телото, бидејќи кожата лесно и брзо го абсорбира. Доволно е мала количина масло да ставите на дланката, загрејте го со триење на вашите дланки, а потоа нанесете го на лицето со блага масажа. Поради тоа што брзо абсорбира, слободно нанесете неколку пати. На овој начин ќе направите заштитна фолија на лицето и ќе постигнете подобар ефект. Ова масло е одлично за хидратација на кожата, ја прави мазна и мека и ги санира мозолчињата и црвенилото, а иделано е за сува и испукана кожа, како и за омекнување и регенерација на грубата кожа околу ноктите;
  • Кокосовото мало е исклучително нежно и е иделано за отстранување на шминката.

 

One comment

  • lolita

    15 февруари, 2013 at 23:51

    lajkce

    Reply

Leave a Reply to lolita Cancel Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *