
Маструбацијата е здравје и спречува многу болести. Ова го докажува новото истражување и според резултатите, научниците тврдат дека секој човек мора што почесто да маструбира.
Овој вид секс е честа појава и кај мажите и кај жените. Истражувањето покажало дека 94% од мажите и 85% од жените редовно се самозадоволуваат, што научниците сосема го подржуваат.
Маструбацијата кај жените позитивно влијае бидејќи спречува појава на цисти на јајниците, инфекции на матката и уринарниот тракт, со оглед на тоа дека чувството на сексуална возбуда и влажнењето влијае на отстранување на штетните бактерии кои се наоѓаат внатре. Исто така самозадоволувањето го намалува ризикот од појава на дијабетес, влијае добро и на сонот и лечи инсомнија, но и ги зајакнува вагиналните мускули.
Кај мажите самозадоволувањето го намалува ризикот од рак на простатата, исто како и редовниот секс, а она што подеднакво важи и за двата пола е тоа дека честиот секс овозможува поинтензивни оргазми, но и го намалува стресот, го регулира притисокот и ја зголемува самодовербата.
Штом веќе го знаеме ова, нема што да чекаме!
