Спиел 10 часа со нож во грб!
42 годишен американец од Њу Џерси спиел десет часа со нож во грб, долг речиси 13 сантиметри.
Откако се разбудил, а бидејќи не можел да открие која е причината за болката, го запрашал својот брат да погледне што има на грбот. Според зборовите на полицијата кои извршиле увид, човекот бил шокиран кога неговиот брат му кажал дека има нож зариен во грбот.
Според американските медиуми човекот бил мртов пијан. Единственото на што се сеќава е дека претходната ноќ излегол на терса да запали цигара и дека му пристапил непознат маж кој го замолил да запали.
Кога повредениот одбил да му запали, дошло до расправија. Мажот кој му побарал да запали во таа прилика му зарил нож во грб.
Сепак, најбизарно од се, е дека човекот не ни почувствувал дека има нож во грб. Си заминал дома и легнал да спие.