Наставник принудувал ученици да јадат сточна храна!

12 декември, 20130
11

Египетски наставник осуден е на година дена затвор и парична казна во износ од 6000 евра бидејќи своите ученици ги принудувал да јадат сточна храна.

Дечињата се пожалиле на своите родители за тоа дека наставникот во моментите кога не бил задоволен од нивните домашни задачи им се заканувал со ќотек, а под казна морале да јадат сточна храна.

Египетските медиуми пренесуваат дека родителите веднаш реагирале и поднеле тужба против наставникот вработен во основно училиште во градот Сохај.

Foto-ilustracija: sxc.hu gokoroko/vicbuster

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *