
“Влеговме и си игравме со животните. На крај, ја зедовме ламата со нас“, раскажува еден од нив и додава дека прво планирале да ја земат зебрата, но бидејќи таа била многу тврдоглава, се задоволиле со послушната лама.
Група од пет француски тинејџери се уапсени откако пијани ја украле ламата од циркуз и ја качиле во градски превоз.
Ламата ја украле во раните утрински часови во четвртокот откако пијани упаднале во затворениот циркуз.
Во еден момент одлучиле ламата да ја качат во трамвај, но авантурата набрзо завршила откако патниците пријавиле.
Ноќната прошетка на ламата Серж стана набрзо голем хит на социјалните мрежи во Франција, а направена е и фан страна за петте момчиња каде се бара ослободување од обвинение. Во моментов страницата има над 720 000 фанови.
Серж од друга страна немал никакви проблеми, најнормално си учествувал во претставата што се прикажувала ден после неговата ноќна прошетка.
