
Новиот LaFerrari кој се очекува да пристигне во втората половина на 2014 има што да понуди. Двата мотори кој треба да излезат ќе бидат со V12 и електрични мотори. V12 моторите ќе произведуваат неверојатни 800 коњски сили, а пак додатните електрични 163 коњски сили, вкупно земено 963. Но каков менувач ќе може да издржи таков мотор со толку моќ? Менувач кој се користи во формула 1. Токму таков менувач ќе се најде на ова спортско возило. Од 0-100 км ќе развива за помалку од 3 секунди. Целосната школка на LaFerrari ќе биде направена од карбон фибер и специјални легури кевлар (се користи за произведување на панцири) кој се користат за цврстина на целото возило. За внатрешноста сеуште нема детални информации, но што и да има внатре, Ферари никогаш неможе да го остави човек рамнодушен.