
Најпознатиот и омилен во сите делови од светот, познатиот МП3 програм Winamp по 20 декември 2013 официјално нема да постои. Исто така, винамп верзиите кои сега може да се симнат од интернет, исто така ќе бидат отстранети. Симнете си ја последната верзија од винамп за последен пат – гласела пораката од компанијата.
Винамп бил за првпат пуштен во 1997 како прв МП3 читач. Софтверот беше откупен од АОЛ за 80 милиони долари. Но поради лошото менаџирање и големата конкуренција, после 15 години постоење се става крај на овој познат програм.