Моќни цитати кои ќе ви го разубават денот

popara15 ноември, 201317min00
5

Среќата зависи од самите нас – Запаметете го ова, за среќа е потребно многу малку.

Понекогаш е тешко да собереш сила и да се извлечеш од лошото расположение, но тоа станува се полесно кога ќе сфатиме дека чувството на среќа е само наша лична одлука. Колку и да е тешка ситуацијата најважно е да се сфати дека сами одлучуваме во какво расположение ќе бидеме. Издвојуваме неколку познати цитати за среќата кои ќе ве мотивираат и ќе ви помогнат да станете посреќен човек.

Аристотел

Среќата зависи од нас самите.

Абрахам Линколн

Човекот ќе биде среќен, тогаш кога сам ќе одлучи да биде среќен.

Махатма Ганди

Среќата е кога постои хармонија помеѓу она што го зборуваш, мислиш и правиш .

Џек Преверт

Дури и кога среќата на кратко ќе те заборави, ти не се откажувај од неа.

Маркуа Аурелиус

Запаметете го ова – за среќа е потребно многу малку.

Дал Карнеги

Запаметете, среќата не зависи од тоа кој сте или што имате, туку само од она што го мислите.