Мудри мисли од книгата „За самодовербата на девојките“

8 март, 20130
13

*Не правете компромис со себе. Вие сте единственото нешто со кое располагате.

*Убавината е во очите на тој што гледа,  затоа не е лошо од време навреме да го помодрите окото на некој глупав и заблуден гледач:)

*Би рекла, дека најдобриот совет што сум го дала и што ќе продолжам да го давам, е да го слушате срцето. Понекогаш чувството помага повеќе од мислењето.

*Само оној што ќе се нафати да го направи апсурдното, може да го постигне невозможното.

*Ако имам некаков принцип во животот според кој се раководам, тој е да велам ДА на необични предлози и да гледам што ќе се случи.

*Авантурата може да има многу форми. Да го следиш срцето, понекогаш е најголемата од сите авантури.

*Едноставно правете го она што сакате. Но не грижете се дека ќе изгледате глупаво. Да се правиш на глупак, дури е апсолутно задолжително. Ви гарантирам дека ќе се чувствувате одлично.

*Бидете смели. Тоа е едно од малкуте места каде нема наплив на луѓе.

*Никогаш не треба да мислите дека сте погрешиле. Секогаш можете да се вратите кон нешто покасно, кога ќе имате повеќе искуство и подобри возможности и да се обидете повторно.

*Не прифаќајте дека вратата е затворена – прво проверете. Не прифаќајте дека штом била затворена вчера, ќе биде затворена и денес.

*Не е важно од каде доаѓаш, важно е каде одиш.

*Начинот на кој се справуваме со проблемите, а не со успехот, одредува во крајна сметка дали ќе постигнеме нешто или не.

*Среќата е избор. Вие тагувате, удирате со нога, се соземате и избирате да бидете среќни.

*Секогаш сум избирала да имам крила наместо скапоцен накит.

*Животот е неверојатен и нуди прекрасни возможности. Тој треба да се користи, а не да се пази. Да се троши, а не да се штеди.

*Не можете да избирате како ќе умрете. Или кога. Можете само да решите како ќе живеете.

*Вистинскиот пат не секогаш е најпопуларниот и најлесниот. Да стоиш зад своите ставови и права кога тоа не е популарно, е најдобрата проверка за силата на карактерот.

*Јас живеам во ова тело цел живот и го познавам многу подобро од секој моден дизајнер…Ја купувам само онаа гардероба што ми одговара и ме прави да се сакам повеќе.

*Модата може да се купи, но стилот треба да се поседува.

И така драги наши читателки, овие неколку фрази се со цел да ве опуштат, да ви дадат мотивација и да ви покажат дека пред нас има многу, многу возможности и шанси…Само храбро и напред! Ви посакуваме успех!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi