Хјустон – Со анализата на примероците земени од Марс се утврдува присуство на водород, јагленород како и кислород – елементи кои ја претставуваат основата на живиот свет, објавила НАСА.
Фундаменталното прашање на оваа мисија е дали на Марс постоела средина поволна за живот. „Од она што сега го знаеме, одговорот е да“, истакнува Мајкл Мајер, шефот на американската Програма за истражување на Марс.
Во примероците земени од Марс се најдени сулфати и глинести минерали како и други хемиски соединенија. Со анализа на овие примероци научниците заклучиле дека водата што некогаш овде ја имало била причина за да се формираат ваквите соединенија и била со релативно неутрална РН вредност.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=a3rkRqNTgUI