Невеста со мираз од 160 милиони долари

6 јануари, 20130
невеста

Кинески бизнисмен кој се занимава со продажба на материјали за кујни и бањи, неодамна, како мираз на својата ќерка даде повеќе од 160 милиони долари, комбинација од кеш, акции и недвижнини.

Ву Руибиао во миразот за својата ќерка вклучи 4 кутии со злато кои ги стави на креветот од девојката, а по еден модел од Порше и Мерцедес  ги подари завиткани во црвена украсна хартија.

img

Неговото девојче се омажи за нејзиниот симпатија од детството, кој работи во државната управа. Освен неверојатниот мираз, за младенците е подготвена и свадба која ќе трае осум дена, а започна на 28 декември.

Tata-pripremio-najvelikodusniji-miraz-Mlada-od-160-miliona-dolara-FOTO

Парот доби и банкарска сметка со почетен капитал од околу 3 милиони долари и акции во вредност од речиси еден милион долари. Недвижниот имот вклучен во миразот опфаќа неколку вили и неколку локални дуќани, а за на новите младоженци да им ја обезбедат среќата, родителите донираа неколку милиони долари во разни добротворни здруженија.

И покрај сиот тој раскош, Ву минатата година пријави плата од вкупно 20.000 долари, а неговата вистинска целосна вредност е непозната.

Од бракот е воодушевена и госпоѓа Руибиао. „Зетот е прекрасен млад човек. Лебот си го заработува во државна служба и се надеваме дека нивниот живот ќе биде постабилен отколку што беше нашиот како приватни сопственици и бизнисмени“, изјави таа.

Младите заедно одеа во градинка и во школо, а секој тргна по свој пат на 18 години, кога запишаа различни факултети. Но, очигледно сродните души повторно се најдоа. А покрај долготрајната меѓусебна љубов и ваквиот финансиски благослов, што би можело да им појде на лошо.

img

img

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber