Парфем од вотка!

popara15 февруари, 20131min00
parfem od votka

Парфемите може да бидат многу скапи, но ако направите свој сопствен мирис, не само што можете да го прилагодите на вашиот личен вкус, туку ќе потрошите многу помалку пари отколку на брендирани парфеми. Се што ви треба се неколку состојки и малку време за да го направите вашиот парфем од вотка.

За овој мирис, потребно е масло од еукалиптус, портокал и лимон за освежување, мирис од цитрус – совршен за зимски или летен период. Пред користење на парфемот, тестирајте го на подлактицата, да бидете сигурни дека можете да го користите. Правилно сочуван во стаклено шише, вашиот парфем ќе трае еден месец.

Потребни состојки:

2 чаши дестилирана вода

3 видови етерично масло, 25 капки вкупно

глицерол (5 капки)

3 лажици вотка

 

Инструкции:

Изберете комбинација на три различни етерични масла во кои ќе уживате и кои добро одат заедно. За овој мирис, можете да користите 10 капки етерично масло од портокал, 10 капки етерично масло, 10 капки етерично масло од еукалиптус и 5 капки етерично масло од лимон.

Додадете две чаши дестилирана вода во голема стаклена тегла. Три лажици вотка во водата. Потоа додадете пет капки глицерин и помешајте.

Додадете, по желба некои други етерични  масла и добро помешајте. Потоа, добро затворете ја теглата.

Ставете го стаклениот сад со мирис на ладно, темно место најмалку 12 часа. По 12 часа, промешајте ја содржината. Додадете го мирисот во шишенце за парфем.

Една напомена за крај: ако сте бремени, не би требало да користите етерични маска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *