Старлетата Парис Хилтон ги тужи Словенците бидејќи го продаваат нејзиното порно – видео. Еден словеначки порно сајт го пуштил во продажба нејзиниот порнич One night in Paris снимен пред 12 години со што старлетата се здоби со светска слава. Хилтон не сака никој друг да заработува на нејзин грб, па одлучила да поднесе тужба.
Нејзиниот филм легално го откупила и дистрибуирала компанијата Вивид, а Парис тврди дека од филмот не заработила ни цент. Токму поради тоа ги тужи Словенците.
Старлетата филмот го лансираше пред 12 години, а тој пак ја лансираше во светот на ѕвездите. Од тогаш цел свет знае за разгалената старлета, која стана пример за новото поколение старлети.
После неа, Ким Кардашијан исто така се најде во “незгодна“ ситуација кога нејзиниот порнич стана достапен за јавноста.