Пет брзи начини за да го отстраните непријатниот мирис од цигари

20 декември, 20130
13

Димот од цигари остава непријатен мирис кој тешко се отстранува, особено во зима. Еве пет лесни начини за отстранување на непријатниот мирис:

Оцет и јаглен

Јагленот и оцетот ги неутрализираат непријатните мириси. Во неколку мали садови додадете вински оцет и неколку парчиња активен јаглен, па поставете ги во просториите каде се пуши. Ако имате деца или миленици, садовите поставете ги на недостапно место.

Парфем

Испрјкате малку парфем на ладна сијалица. Кога ќе го запалите светлото и сијалицата ќе се загрее, во просторијата ќе се прошири пријатен мирис кој барем делумно ќе го неутрализира непријатниот мирис од цигарите.

Омекнувач за алишта

Ако забележите дека вашата облека попримила непријатен мирис од цигарите, оставете ги еден час надвор да се проветрат, а потоа во текот на ноќта ставете ги во пластична кеса, заедно со марамица натопена во омекнувач или ароматична кесичка за во гардеробер.

Песок за мачки

Во пепелникот додадете малку обичен или уште подобро песок за мачки. Песокот целосно ќе го отстрани непријатниот мирис од опушаците, а и полесно ќе го исчистите пепелникот.

Сода бикарбона

Навечер пред спиење истурете сода бикарбона врз тепихот, на гарнитурата и ќошовите на просторијата во која се пушело. Следниот ден само усисајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi