Наоми Они е продавачката на која непознат напаѓач кон крајот на годината и истурил киселина на лицето, вели дека му простила на сторителот и покрај тоа што лузните на нејзиното лице се неизлечливи.
Откако ја завршила смената во лондонската продавница “Victoria’s Secret”, Наоми Они(20) на улица пресретнала група напаѓачи, од кои еден и итурил киселина на лицето.
Несреќната девојка некако успеала да викне брза помош, по што е хоспитализирана. Чистењето на сериозните изгореници траело цел ден, а привремено го загубила и видот на двете очи.
Наоми ја очекуваат голем број пластични операции, за барем делумно да го врати некогашниот изглед, а целосно закрепнување и невозможно.
Девојката изјавила дека се сеќава само на силуетата на напаѓачот, за кого претпоставува дека е женски пол.