
Иби Книл денес има 90 години и живее во Велика Британија. Има сопруг и две деца и вели дека животот не и бил лош.
Сепак во нејзиниот живот до сега постоела дамка – сенката на она што пред многу години го доживеала за време на Втората светска војна. За да ја раскаже својата приказна и биле потребни 70 години.
Бидејќи е еврејка, кога имала 20 години била транспортирана во озогласениот логор Аушвиц. Вратите на пеколот се отвориле пред неа. Таа никогаш нема да ја заборави првата ноќ во логорот на смртта. Дента сретнала едно мало девојче кое и соопштило дека нејзе и на нејзината сестра близначка ќе им прават експеримент.
“Ми рече дека после експериментот ќе бидат убиени во гасна комора”.
“Ако преживеете, ве молам раскажете ја нашата приказна”, ме молеше да и ветам – раскажува госпоѓата Книл.
Девојчето никогаш повеќе не го видела. Во Аушвиц поминала 6 седмици, а потоа била префрлена во работничкиот логор Каунич каде дочекала и ослободување. Ветувањето никогаш не го заборавила.
“Кога војната заврши мислев дека не е вистинското време да раскажувам за она што таму се случуваше. Таму човекот беше само број и се се сведуваше на способноста на преживување”, објаснува Книл зошто до сега молчела.
Сега, откако ги напишала своите мемоари, Книл смета дека го исполнила своето ветување. Девојчето, нејзината сестричка и повеќе од 6 милиони други жртви во логорите на смртта денес можат да почиваат во мир.
httpv://www.youtube.com/watch?v=mciyQ1xz_a8
httpv://www.youtube.com/watch?v=lpmrniJZDl8