Непознато лице замавнало со шише со што и е пречена ногата, пишуваат британските медиуми.
Ријана во моментов престојува во Лондон, каде ја претставила својата прва колекција. Излегла да го прослави успехот со некоиод моделите, во престижниот ноќен клуб “The Box”.
Британскиот печат пипува дека лицето, чие име ниту пол не се објавени, најпрво и дофрлала на Ријана и ја повикувала поради врската со Крис Браун, а потоа фрлила шише кон пејачката.
Ријана е погодена во нога и веднаш го напуштила клубот за да побара медицинска помош, а британските папараци го фотографирале и овој момент.
Доколку пејачката одлучи да побара правда на суд, полицијата ќе ги прегледа сигурносните камери од клубот за да го открие сторителот.