Сакам бебе ама не по секоја цена!

19 февруари, 20130
9999999999

Бебе.. што убаво звучи тој збор! Ама само како збор, зошто денес бебиња сите прават…и шуто и рогато пред се!

А знаат ли тие што сперматозоиди расфрлаат каде стигнат, а богами и тие лешинарките што истите во лет ги фаќаат, каква одговорност е да имаш бебе?

Порано бебињата имаа калап! Сите личеа едно на друго, барем во паметот, зошто пералната ги зафаќаше уште непроодени, па калапот многу лесно ги правеше адекватни за системот! Како браќата и сестрите Кинези.. јајце на јајце…

Кога не потфати новиот бран, бебињата веќе го немаа истиот калап, а богами и тие што ги правеа не беа со ист ниет!

Бебиња се правеа, ама одговорност никаква! Да се сплеска беше штос, ама никој немаше идеа што после тоа! А кога се нема идеа, тогаш и бебињата ја немаат таа ,,драж,,..

Родителите нервозни од новите времиња, се ,,истураа,, на своите бебиња, џанам тие виновни за нивните огромни недостатоци.. Ја играат веќе 20 години старата добро проверена теорија: со ќотек полесно се расте!

И би го прифатил ова како некоја иновација, доколку истиот тој добронамерен ќотек, не започна да остава гоолеми траги кај бебињата и во поодраснатата фаза во животот!

Овие новоостручените психолози велат: тоа се сериозни аномалии во човековиот карактер, или по нашки кажано: згомнет братче , само што заоден! Несигурен… уплашен.. недоверчив.. а пред се недораснат за функцијата на новото работно место наречено- живот! Тој живот , живот ќе да не е.. иако многмина ден денес љубат да кажат- другите се виновни за се… тоа е!

Се правдаат со фази иако фазометарот одамна измерил негативна енергија, расфрлана како прашина на новопечените недодоени бебиња! И се така во круг…

Неостварени родители создаваат недораснати бебиња, а тие пак таквите сиромашки недодоени, како со ченгел врзани за сукњите на татковците, глумат лудило во животната сапуница наречена: гола кожа т.е како од мајка роден…

Некои, од новата фела неуролози или како љубат да ги викаат нивните колеги ,,доктори, – сератори, идентификуваат аномалија уште во најмалата возраст. Џанам бебињава останале гладно недодоени, иако таа глад за живот, во поголемиот дел се јавува во покасниот пубертет… т.е фазата наречена : слаба диоптрија. Тогаш на сите се им изгледа розе, па и на нашите бебиња, а реалноста што им ја продаваат дома, неостварените им родители, сосема поинаква… црна!

И повторно во круг.. вината е кај ,,гуго,, ама решението е некаде далеку со ,,врапците недолетани и замрзнати во Хималајските врвови,,!

Нашиве бебиња веќе дојдоа во касната фаза од која нема излез, наречена лавиринт, а како што можевте дс приметите, абер сеуште немаат што е бело а што е црно, иако цел живот другите ме убедуваат дека постоеле и други бои!

Можеби и постојат, ама во нашево секојдневие, како и се останато, покасно ќе се појават! Лавиринтот на нашите бебиња, им го мати разумот, веројатно под притисок на некои Џејмс Бонд филмови, внесувајќи ги во еден неразумен и несоодветен свет на илузии, лаги… На таа возраст други бебиња, поготово надвор од Балканскиве ,,недоџии,, веќе исправени и спремни, газат напред преку своите предизвици, со јасна мисла и дефинирана совест, дека времето дошло, и неповратно ќе замине , ако не го фатиш последниот воз. Само што возовите таму ги класификуваат во брзи и супер брзи, а кај нас на неостварени синдикалци , хипици и останата гамад!

Со нашите возови, нашите недодоени бебиња, ни до Ѓорче нема да стигнат, а да не го прегази некој неостварен родител наречен- зависник од сопствениот неуспех!

И повторно се така во круг.. демагогија или филозофија… сеедно… Времето тече а работите остануваат непоправливо исти!! Нашите бебиња цицаат од погрешни цицки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber