
Клара е писател, а Џеф професор. Се запознале на еден сајт за самци и после недела дена онлајн комуникација Џеф ја поканил да му се придружи на едно од неговите патувања. Но овој предлог бил прилично вознемирувачки и Клара била сомничава, бидејќи идејата била патувањето да трае 21 ден и да се оди без багаж, само со најнеопходните работи во една рачна чанта.
Од една страна на Клара и било примамливо да патува од држава во држава без оптеретување што се вика куфер, а од друга страна, ќе треба секој ден да биде во една иста облека.
Но љубопитноста победила и Клара рекла “Да“…
Планот бил дека план нема, освен билетите за Истамбул, од каде започнала авантурата. И бидејќи немале багаж, патувањето се одвивало многу едноставно. Ќе се разбуделе наутро, ќе ја отвореле мапата, ќе посочеле со прст на следната дестинација и тргнувале.
За 21 ден прошетале низ 8 земји, а нивната последна дестинација е Лондон.
httpv://www.youtube.com/watch?v=3GckGrxezLQ