Кортни Кардашиан пред шест месеци се породи со своето второ дете, а веќе облече бикини и позираше за насловната страна на списанието „US Weekly“. Таа вели дека успеала да ослабе благодарение на 90-минутните вежби на Трајси Андерсон, но и со внимавање на исхраната.
-Сега ми беше многу полесно да ги намалам килограмите отколку во првата бременост, иако во втората бременост се поправив дури 23 килограми – вели Кортни Кардашијан.
Триесет и тригодишната старлета изјави дека е пресреќна што семејството Кардашиан ќе добие уште едно бебе од нејзината сестра Ким.