Синот на возачот (8) се обидел да ги извлече татка си и Вокер од запалениот автомобил!

2 декември, 20130
33

После ужасната сообраќајна несреќа во саботата, први на местото на настанот се појавиле осумгодишниот син на Родас и најдобрите пријатели на Пол кои се обидувале да ги извлечат од запалениот автомобил.

Бидејќи несреќата се случила непосредно до местото каде се одржувала хуманитарната манифестација организирана од страна на Вокер, откако Поршето удрило во улична светилка и се запалило, гостите истрчале на улица да видат што се случува, а еден од сведоците, Џом Торп вели дека прв до автомобилот пристигнал 8 годишниот син на Родас.

“Момчето ја прескокна оградата, се затрча кон автомобилот и со сета сила се обидуваше да ги извлече татка си и Вокер од возилото во пламен! Но ништо не можеше да се стори“ – раскажува Торп, а на неговата приказна се надоврзува и Антонио Холмс, пријател на актерот кој објаснува дека со уште неколку пријатели се обиделе со противопожарни апарати да го изгаснат пламенот.

“Видовме дека двајцата се во несвесна состојба, пламен имаше насекаде, но се обидовме…се обидовме. Тие беа заробени во смачканиот автомобил и за жал не можевме ништо да сториме за да ги спасиме“ – раскажува Холмс.

Foto: AP/Tanjug

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi