Тато, што зборуваш?! Прочитајте како стариот ги шокирал синот и ќерката!

20 декември, 20130
14

Еден возрасен човек од Оклахома го повикал својот син кој живеел 2000 километри далеку од него, во Њујорк и рекол:

“Не ми е пријатно тоа што ќе ти го уништам денот, но морам да ти кажам дека јас и мајка ти се разведуваме. 45 години брак…доволно маки…“

“Тато, што зборуваш?“ – извикал синот.

“Веќе не се поднесуваме“ – одговорил таткото. “Презаситени сме еден од друг и не сакам повеќе да дискутирам на таа тема. Јави и се на сестра ти во Хонг Конг и кажи и ја веста.“

Избезумен синот се јавил кај сестра му која експлодирала:

“Ма како така се разведуваат? Јас ќе се погрижам за ова!“ – вриштела.

Веднаш го повикала стариот татко и почнала да се дере:

“Вие нема да се разведувате! Ништо да не сте направиле додека јас не дојдам! Сега ќе се јавам кај брат ми и утре доаѓаме! До тогаш ништо да не сте направиле, ме слушна?!“

Старецот ја спуштил слушалката и се обратил на сопругата со зборовите:

“Во ред е, се е средено. Двајцата утре ќе ги имаме за Божиќ и сами ќе си ги платат авионските карти.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi