Уште едно брутално силување во Индија: Ја киднапирале жената и сексуално ја злоупотребувале цела ноќ

13 јануари, 20130
siluvanje
Шестмина мажи се уапсени по новото групно силување патничка во автобус во Индија, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 29-годишна жена во петокот патувала со автобус за своето село во северната држава Пенџаб и дека била единствениот патник во автобусот. Се претпоставува дека возачот и кондуктерот ја однеле на некое безбедно место, каде им се придружиле уште петмина пријатели, по што неколкукратно ја силувале.
Полицијата информира дека вчера се уапсени шестмина осомничени и дека се трага по уште еден.
Ова се случува само четири недели по групното силување и убиство на студентка во автобус во движење во престолнината, што потоа предизвика гневен бран протести, и доведе до повици за построги закони против сексуалното малтретирање жени, забележаа агенциите.
Дваесет и тригодишната студенткаа почина по нападот.
Бруталното силување во Њу Делхи во декември ја отвори расправата за тоа што треба Индија да направи за да ги спречува ваквите трагедии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi