Успешните луѓе знаат како да ја користат моќта на мислите!

21 декември, 20130
8

Колку луѓе според вас можат да ја користат моќта на силата на мислата, за да ги исполнат нивните животи со повеќе доверба, среќа и успех? А вие умеете ли? Или можеби сте од оние кои често мислат негативно и се прашуваат зошто не им оди?

Статистиката покажува дека депресијата и анксиозноста, чувството на беспомошност и безнадежност се повеќе се зголемуваат меѓу луѓето.

Сите ние можеме да изброиме бројни причини за ова: кризата, губење на работа, на близок човек, менување на живеалиштето и многу, многу други. Сериозни искушенија за секој еден од нас. Животот се менува постојано и понекогаш ни нуди тешкотии, кои се чини дека сакаме да ги избегнеме. Последното нема да биде така доколку знаеме да ја искористиме силата на мислата.

Но како можете да мислите за тоа кога сте во средината на хаосот?

Потсетувам дека мислите се сите наши верувања, очекувања, правила, по кои живееме, но во некои случаи тие може да бидат катастрофални и силно да го ограничуваат нашето животно искуство. Нашите мисли имаат исклучително својство да создаваат добро или лошо чувство. Тие ги генерираат нашите емоции, а емоциите од своја страна се силен мотиватор за реплика, реакција или комплетно однесување.

Преку моќта на мислата правиме избори – кон каква кариера да се насочиме, каде да учиме, кого да сакаме, а кого не, колку деца да имаме, колку цигари да пушиме, колку врски да имаме… Списокот е бескраен. И сето тоа зависи од мислите кои ги исполнуваат нашите умови.

Иднината ни зависи од тоа како го користиме овој неверојатен дар со кој сме благословени. Кога ќе сватиме дека сето она што го чувствуваме, се генерира од нашите мисли, можеби ќе сакаме да го промениме начинот на мислите кон разумен, па да се справиме со хаосот наоколу.

Тоа не значи да го промениме размислувањето кон позитивно, да ги потиснеме негативните чувства, да одбиваме да ги прифатиме најтешките околности. Не! Повеќе се однесува на одлуките кои ги донесуваме секојдневно, и со какви мисли ќе ги исполниме нашите умови, за да излеземе од хаосот.

Запомнете

Мислите се креативен фактор.

Тие никогаш не се неутрални.

Потребно е да знаеме да управуваме со нив.

Стремете се кон мир и верувајте во можноста да ги промените околностите, па тие да ви бидат корисни.

Фокусирајте се на успешните резултати, без да си поставувате неуспешни бариери.

Ние не сме нашите мисли, чувства или однесување. Можеби не го сакаме нашето однесување, но би било глупаво да се дефинираме себе си според реакциите предизвикани од лоши мисли.

Всушност нашата најголема грешка е кога веруваме во овие лоши мисли и на крајот ги прифаќаме како вистински. Тогаш веќе ќе почнат да делуваат, а ние ќе почнеме да ги следиме и се создава хаос каде и да одиме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit