
Ден Билзериан (32) од Лос Анџелес е мултимилонерска покер ѕвезда, прогласен за плејбој и крал на Инстаграм, после честото експонирање на оваа социјална мрежа. Всушност овој инстаграм плејбој се расфрла со мачо фотографии на кои е заобиколен со голи жени, спортски автомобили и оружје.
Тој наводно тежи 100 милиони долари, а најголемиот дел од своите пари го заработил на покер, а својата покер вештина ја развил уште како студент на Универзитетот во Јужна Флорида.
Но ваквиот начин на живот скапо го чинел. До сега доживеал два срцеви удари, еден на 25 и вториот на 30 годишна возраст.
Има и луѓе кои на пример се воодушевуваат од овој човек, па така еден од коментарите гласи: “Сум видел многу луѓе кои се фалат со фотографии од својот добар живот, но Вие господине сте крал!“
httpv://www.youtube.com/watch?v=H6yizWIlfGQ