
Длабоко во суптропската шума во познатиот резерват Саби Сенд во Јужна Африка, постои нешто волшебно – приватниот резерват Саби Саби. Ова е место по светски стандарди на луксуз, сместување, исклучителни блиски средби со дивиот свет, услуга и вкусна кујна.
Филозофијата на Саби Саби ‘yesterday, today and tomorrow’ потекнува од повеќе од 100 години искуство, историски негувано во стилот на секоја од четирите уникатни сафари сместувалишта: Selati Camp, Bush Lodge, Little Bush Camp and Earth Lodge.
Длабоко во срцето на овој резерват се случува нешто специфично и интересно. Саби Саби е дом на „големите петмина“ (слонот, носорогот, лавот, леопардот и бизонот) како и на гепарди, диви кучиња и стотици други видови на животни, птици и растенија, карактеристични за оваа област. Тренирани ренџери се грижат вашето сафари искуство да биде најдоброто кое сте го пробале.