
Маникирот со снегулки е мошне актуелен и секако интересен. Снегот создава празнично расположение, а овој маникир е сосема соодветен за престојните празници и воопшто за зимската сезона. Можете да комбинирате најразлични бои, да додадете светки. Во видеото кое ви го претставуваме, можете да видите како се цртаат снегулки со тенка четка, а ако немате таква, тогаш и чачкалица ќе ви заврши работа.
Снегулките се искомбинирани со омбре маникир, кој продолжува да биде хит. Погледнете како се прави:
httpv://www.youtube.com/watch?v=hIDU0T7k0R8