Викторија Бекам се посрамоти со нејзиното спортско незнаење!

30 јануари, 20130
viktorija becam

Викторија Бекам, некогаш популарната британска пејачка и член на групата Spice Girls, а денес дизајнер и сопруга на познатиот британски фудбалер Дејвид Бекам, привлече внимание со своето спортско незнаење.

Всушност, Викторија Бекам неодамна гостувала на телевизискиот канал Е!, каде водителот со неа си поиграл спортски квиз, со прашања во врска со тенисот.

Водителот и покажал слика од Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, а таа требала да погоди кои се на сликата. Но, поранешната пејачка не го препознала светскиот тениски рекет број еден Новак. Веднаш потоа водителот и понудил да учествува во спортски квиз, а првото прашање било кој го освои Вимблдон минатата година. За полесно да го даде одговорот и биле понудени три одговори: Федерер, Мареј или Ѓоковиќ.
“Мислам дека Енди не го освои, бидејќи доколку би го сторил тоа печатот на Островот ќе го ставеше на насловната страница, најверојатно се работи за Федерер , а за овој третиот никогаш не сум слушнала”, одговорила Викторија.
Водителот бил изненаден откако дознал дека Викторија не го знае најдобриот тенисер во светот. По што поранешната члека на поп групата ‘Spice Girls’ се насмевнала и со насмевка  прокоментирала: “Да, да, сега се сетив како изгледа, висок и црн. Но, не паметам имиња, особено не тешки и Руски”, изјавила Викторија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi