
Мајли Сајрус има постара сестра која е поатрактивна од неа и е вистинска дама со манири и став. Бренди Сајрус (26) се појавила на доделувањето на Американските музички награди и изгледала токму онака како што Мајли би требало да изгледа и да се однесува.
Бренди присутните ги воодушевила со стилот и изгледала како отмена, поконзервативна Мајли, онака како што нејзината славна помлада сестра изгледаше пред само неколку години. Бренди е полусестра на Мајли по мајка. Бренди и нејзиниот брат Треј ги прифатил таткото на Мајли, Били Реј Сајрус кога се оженил со Тиш.

