
Флашираната вода е честа причина за главоболка и мигрена, покажало најновото истражување спроведено во Велика Британија. Меѓутоа и постарите студии тврдат дека пластичните шишиња се поврзани со најразлични здравствени проблеми, како неплодност и срцев удар.
Проблемот лежи во хемикалиите, поточно бисфенол А кој се наоѓа во синтетичката амбалажа и кој после пиењето на водата завршува во организмот.
Експертите советуваат луѓето што помалку да конзумираат флаширана вода во пластични шишиња со цел да го заштитат своето здравје. Тврдат дека пластиката влијае на организмот така што го зголемува нивото на хормони, а тоа пак е причина за хронична мигрена.
Експертите дополнуваат дека пластичната амбалажа е причина за уште многу други болести, а истовремено се објаснува дека е подеднакво штетно да се конзумира конзервирана храна, како и пијалоци од лименка.