Зошто кога сме вљубени, стануваме глупави?

18 ноември, 20130
28

Читате една иста реченица веќе половина час и никако да ви влезе во глава? Се обидувате да испратите рутински мејл до колегите но некако не оди? Не можете да ги најдете клучевите? Заборавени сте? Расејани? Дали можеби сте вљубени?

Според најновата студија луѓето кои се свежо вљубени се помалку способни да се фокусираат и да обавуваат задачи кои се бараат од нив. Мозокот како да им откажал.

Во почетокот на врската ќе забележите дека се потешко ви е да се концентрирате на било што, бидејќи вашите ментални капацитети се насочени кон саканиот човек.

Едноставно, и мажите и жените кога ќе се вљубат стануваат опседнати од своите чувства и тоа до тој степен што не се способни ништо повеќе да прават. Како што се покажало, сите центри во мозокот работат идеално но вљубениот човек не е во состојба да го разликува важното од неважното. Колку повеќе вљубеноста е посилна, толку повеќе интелектуалната моќ е послаба.

Науката сеуште нама конечен одговор на прашањето зошто мозокот ја губи битката со срцето. Возможно е љубовта да не тера да ги трошиме сите умствени капацитети на размислување за саканиот човек. Мора да се земе во предвид дека романсата сама по себе е мошне забавна и не прави среќни, така да фантазирањето за љубовта го превзема приматот над размислувањето за досадните секојдневни обврски.

Возможно е работите да ги погледнеме и од спротивен агол, односно кога некој би ја намалил контролата над својот ум, би можел да почувствува и посилна љубов кон некого.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi