Актуелните бои задолжителни за оваа есен

Веќе одамна се прогласени модерните бои за оваа есен кои се присутни во речиси сите излози, но за да си ја олесните шарената игра која ве очекува оваа есен, најдобро е да се подновите со еден квалитетен аксесоар во една од овие бои, наместо еден куп облека.
Часовниците се одличен додаток кој се вклопува во секоја пригода и сечиј стил, па затоа овие неколку модели во топ боите за оваа есен се наш денешен предлог.
Спортски, елегантни, лежерни варијанти… Изборот е ваш!
Гледајќи ја модата на модните писти, време е шопинг на свежа боја за новата есенска сезона.
Од маслоново зелена до светло сина, со комбинација на богат накит- инспирајте се да го зачините вашиот изглед.
Ако сивата боја ве онерасположува, внесувањето на жолта дефинитивно ќе ги затопли ладните месеци.
Бидејќи ова дуо е од иста фамилија на бои, ќе го чувствувате монохроматски но со шмек.
Пoртокаловата може да се прогласи и како официјална боја на есента, без да се чувствувате дека изгледате како тиква.
Пастелните бои можеби се невообичаен микс за есен, но модната ревија на Гучи ја запечати оваа боја за низ целата година.