Бурата која го зафати западниот дел од Европа забрзано се движи кон Балканот

31 декември, 20140
12
Додека ние денес уживавме во сончевиот ден, во Европа луѓето се соочуваат со снежна бура која што им го отежнува животот.

Имено, бурата која го зафати западниот дел од Европа може да се види и на снимките од сателитите на НАСА, а како што може да се забележи, бурата забрзано се движи кон Балканот.

 

 


Во делови од Франција, сообраќајот бил целосно прекинат повеќе од два часа, додека пак во утринските часови, во југоисточниот дел на Велика Британија, бил запрен и бродскиот сообраќај. Таму е прогласен и највисок степен на предупредување поради снежните врнежи.

Најмногу снежни врнежи се забележани во северниот и централниот дел на Велика Британија, каде снежната покривка достигнува висина од 11 сантиметри. Аеродромот во Ливерпул бил накратко затворен, се со цел да се исчистат завеаните патеки.

 

 


Поради ветрот со брзина од околу 90 километри на час, паднала метална ограда која што на брегот била подигната се со цел имигрантите, кои што илегално се обидуваат да влезат во Велика Британија, да бидат спречени да влезат во пристаништето и да се качат на бродовите.

Од друга страна пак, на француските Алпи на снегот му се радуваат, каде што сезоната за скијање официјално започнала, но снег има сосема малку. Сепак, овој викенд, кога поради Новата година посетеноста на овој ски центар ја доживува својата кулминација, се очекува да се формира снежна покривка од 60 сантиметри снег, но само во планините повисоки од 2.000 метри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *