Дали лебот навистина дебелее?

12 октомври, 20140
11

Скоро сите жени слепо веруваат во теоријата дека лебот е главниот виновник за дебелина, па со самиот почеток на држење диета, прво што ќе елиминираат е лебот.
Прочитајте зошто тоа е грешка.
Новото истражување покажа дека дури 43 проценти од жените избегнуваат да јадат е леб додека се на диета, а 20 проценти ги гризе совест ако посегнат по било кој производ од брашно, додека повеќе од половина сметаат дека јадењето леб е нездрава навика.
Лебот порано се сметаше за здрава намирница, но денес овој производ го следи лоша репутација – луѓето веруваат дека лебот причинува дебелеење, надуеност и содржи глутен. Но, дали е навистина така?
Нутриционистот Шерон Натали вели дека жените не се свесни колку придобивки се добиваат од јаглените хидрати кои ги содржи овој производ, и не сфаќаат дека диетите без глутен се штетни за нивото на шеќерот во крвта. Вистинскиот избор на леб може во текот на диетата да доприне за многу здравствени придобивки вклучувајќи подобра дигестија, повеќе енергија, здраво срце и тело. Нутриционистот додава дека лебот содржи хранливи влакна, Б витамин, магнезиум и железо и токму во текот на диетата е повеќе од препорачлив за конзумирање.


На прашањето дали воопшто треба да се јаде леб, Шерон истакнува дека е важно секој потрошувач има пристап до вистински информации кои ќе му помогнат да донесе одлука дали купувањето на леб е потреба воопшто или не.
Има толку разни видови на леб на пазарот, и се работи за тоа да се одбере оној вид леб кој највеќе ни одговара. Лебот не дебелее, заклучува Шерон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi