Модерни есенски комбинации со плетен џемпер

12 октомври, 20140
12

Есента ни ги носи не само долго очекуваната свежина и студен ветер, туку и потребата за промена на гардеробата.

Една од најважните работи е за кои треба да размислиме е топлата и практична облека која е стилска, а истовремено удобна како за секојдневниот живот.

Добар избор за да ве стоплат во ладните есенски денови се џемперите.  Дали ќе бидат во темни, есенски бои или во силни и весели бои џемперите се интересен дел од гардеробата.

Во секојдневна комбинација заедно со пар фармерки, чизми и кратка јакна изгледа одлично. Направете и храбар, необичен потег – комбинирајте кратко здолниште, еднобојни хулахопки и високи чизми заедно со интересниот џемпер со апликација.

Кога станува збор за боите, придржувајте се до потемните тонови како што се есенските црвени, портокалови и кафени, црната боја, сивата или пак белиот џемпер со шарена апликација.

Погледнете неколку модерни есенски комбинации со интересни џемпери кои ќе ви послужат како модна инспирација.

Ако имате долг и поширок џемпер, тогаш  ви требаат и едни добри чизми, рамни и до колена , и со оваа комбинација може да одите било каде и да ви биде удобно и топло.

Џемпер со класични салонки
Додека уште не почнале дождовите, ова е комбинација што просто мора да ја пробате: омилениот најудобен плетен џемпер станува елегантно парче кога го комбинирате со класични полушпиц салонки.За да биде успешно изведена оваа комбинација, носете ја со припиени фармерки/панталони/здолниште, а за дополнителен ефект додадете масивна чанта и голем ѓердан.Комбинација на уличен стил од блогот на The Classy Cubicle

Olivia Palermo е кралица на носливите комбинации
Има ли поубаво чувство од тоа да го облечеш омилениот топол џемпер кога температурите се спуштиле под нулата? Спојте го со омилените тесни фармерки или здолниште и добивате удобна и лежерна комбинација на која никој нема да остане рамнодушен.
Кога станува збор за плетката, бојата, дезенот или моделот, оваа зима имате одврзани раце.Аксесоарите се клучните додатоци кои можат да ја развеселат секоја модна комбинација, па така и оваа.

Тесните фармерки или здолништа и широкиот џемпер се одлични во комбинација со високи чизми, шпиц потпетици, широки или плик чанти зависно од пригодата, топли капчиња и есенски шешири, големи и впечатливи огрлици, прстени, бразлетни…

Picture
И уште неколку одлични есенски идеи…
mzpl290820136

Дали би носеле широки и долги џемпери кога температурите ќе бидат ниски?

Џемпер – мантил. За поостар изглед овој модел во темно сива нијанса комбинирајте го со кожени панталони и чизми во војнички стил.

Уште повеќе плетиво. Во деновите кога времето е посвежо, додадете плетена марама или шал
во различна нијанса од основната на џемперот. Ќе добиете одличен ефект на слоевитост на вашиот изглед.
Џемпер со V изрез во комбинација погодна за во канцеларија. Носете го врз вашиот омилен летен фустан со кратки чизмички. За похрабрите од вас и оние кои сакаат да експериментираат со изгледот, пробајте го трендот чорапи на сандарли или класични чевли.
Долги или кратки, предимензионирани или стандардни, со дезени или без нив, погледнете ги џемперите на кои им фрливме око и кои со сигурност ќе ви ја направат поубава и повесела зимата.
trend-topli-dzemperi-2012-foto-3
trend-topli-dzemperi-2012-foto-7
trend-topli-dzemperi-2012-foto-8
trend-topli-dzemperi-2012-foto-9
LOVE THAT LOUD SWEATER!!!!!!!!!!!!!!!!! Oh and the boots but mostly the sweater! Sexy heels! Love sexy heels! just in louboutinishoesky.com
Dress Coding: Casual Work Attire / i would say weekend but dressy top can be for work
"Cozy in Chambray". Knit cardigan over a denim shirt. Pair with black leggings with tall leather boots and long knit socks. Add an infinity scarf that matches color-scheme for a look that's put together.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *