Две сестри унаказени од дрогата „крокодил“

4 декември, 20140
9

Овие две сестри се доказ дека смртоносната дрога која го јаде месото веќе подолго време се шири на американските улици. Сестрите Амбер и Енџи Ницел се согласиле пред камера да ги покажат болните и грозни последици од дрогата „крокодил” која ја користеле во последнава година ипол.

Доктор Абхин Сингла за „Меил Онлајн“ вели дека последиците од „крокодил” се најлошите кои некогаш ги има видено во своето 16-годишно искуство.

Фотографиите се уште пошокантни кога ќе се споредат со фотографиите на сестрите направени неколку месеци пред да почнат со конзумирање на опасниот коктел од дроги кој, според западните медиуми, им е лесно достапен на наркозависниците.

kkrokodil22222

Сестрите за „Меил Онлајн” изјавиле дека не знаеле дека земаат „крокодил”, мешавина од кодеин и токсични состојки вклучувајќи бензин и течностата која ја имаат запалките. Тие рекле дека мислеле дека земаат хероин.

Откако ја пробале новата дрога почнала многу да им се допаѓа, бидејќи била малку поевтина, а давала посилно чувство на „хај”.

kkrokodil33333

Но, само неколку недели откако почнале да уживаат од Русија се проширила веста за дрогата под име „крокодил”. Оваа дрога го добила ова име бидејќи на кожата на корсниците создавала, рани, инфекции и гангрена.

По неколку месечна употреба, 29-годишната Енџи побарала лекарска помош поради интензивните болки. Неа ја лекува докторот Сингла и од тој момент тој почнува да пропагира за опасноста од оваа дрога. Досега има лекувано пет пациенти кои биле донесени со ужасни болки. Вели дека во Америка расте стравот од оваа дрога, па кај него доаѓаат лица кои не се сигурни дека ја пробале новата опасна дрога.

kkrokodil44444

Она од што тој најмногу се плаши е што не знае како да се спречи ширењето на дрогата.

Амбер, која има 26 години и рани по целото тело вели дека оваа дрога тие ја користат година ипол, но дека сигурно подолго време е во Америка и дека „крокодилот” е сериозен проблем кој што Америка мора да го реши пред да земе многу животи.

-Можете да добиете ранички и крварење и од хероин, но ништо како ова. Тие се длабоки дупки и кожата гнили околу нив. Тешко е да се опише колку се тие одвратни и болни, изјавила таа додека ги фотографирале нејзините рани.

krkrkrkr

Двете прекинале со дрогата и биле хоспитализирани. Дури и самите ја фрлиле дрогата вредна 100 долари, што според нив е голем чекор за наркозависниците.

-Излегов од болница пред четири дена и сум чиста, но знам дека ова ќе биде долга и тешка борба. Секој ден е ново мачење, дури и пешачењето неколку метри е вистинска агонија. Јас сум во константна болка и на секој осум часа мора да ги лекувам за да не се шират и да се инфицираат. Нашиот живот е многу тежок, раскажуваат сестрите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi