Психички болните живеат во очајни услови и ги “лечат” со електрошокови

4 декември, 20140
Психички болните живеат во очајни услови и ги “лечат” со електрошокови
Ги одведуваат без согласност и ги лечат со електрошокови. Животот на жените во индиските институции за ментално заболени е повеќе од понижувачки.

Девојчиња и жени со психофизички и ментални заболувања во Индија, се принудени да живеат во институции во кои владеат нечовечки услови за живот, и каде секојдневно им се заканува опасност од физичко и сексуално злоставување. Покрај тоа, изложени се на терапии со електрошокови. Според зборовите на една жена, третирани се полошо од животни.


“Human Rights Watch” вчера објавил извештај во кој постојат докази дека жените спротивно на нивната волја се водат во институции каде што константно се злоставуваат. Ја повикале владата конечно да поработи на тоа, психички болните да се лечат во установи во кои ќе одат доброволно.

Во сегашните установи за психички пациенти, жените спијат на подови, по неколку жени во неколку квадратни метри. Хигиенските услови се ужасни, а повеќето жени дополнително се заразуваат со разни болести.

“Еднаш кога ќе ги затворат, тие живеат во изолација, страв и секојдневно злоставување без никаква верба во бегство”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi