Пејачот Рики Мартин раскинал со дечкото Карлос.
“Рики и Карлос се договориле да ја прекинат љубовната врска, но остануваат пријатели кои ги поврзуваат многу заеднички нешта“, изјавил неговиот пи-ар.
Порториканскиот пејач во 2010 година објави дека е хомосексуалец и покрај тоа што блиските го советувале тоа да го зачува за себе, со цел да не ја уништи кариерата.
Мартин во 2008 година стана татко на близнаците Матеа и Валентина родени од сурогат мајка.