Хороскопските заци и нивните сексуални фантазии

30 август, 20140
6

Овен
Жена : Страствена, ужива во топлите прегратки и се препушта на уживањето, без предрасуди. Сака да доминира и да ја води еротската игра. Од мажот очекува да биде издржлив и да го следи нејзиното темпо. Доколку мажот не е подготвен за жежок секс, таа го губи својот интерес. Во младоста не е приврзана само на еден партнер, туку бара предизвици. Кога ќе го пронајде вистинскиот, своето еротско внимание го насочува кон него.

Маж : Енергичен и неуморен во креветот. Нема време за долга предигра. Го привлекува сè она што е шокантно и забрането. Доколку сакате да го освоите, ослободете го од предрасудите и не му го ветувајте она од што се срами. Ќе го задржите само ако секогаш нудите новитети во сексот.
Идеален партнер: Лав, стрелец, водолија

Бик
Жена: Сензуална и скриено еротична. Сака долга предигра, а особено е чувствителна на бакнежи на вратот. Со текот на годините станува свесна за својата сексуалност, послободна и постраствена. Има нагласен вкус, ужива во бакнежите и оралниот секс. Во зрелите години вешто ја води еротската игра и знае да ја разбуди фантазијата на партнерот. Се повлекува, а истовремено го провоцира мажот, покажувајќи големо еротско знаење.

Маж : Освојува постепено, но не се откажува од жената која го привлекува. Чувствителен е и ги разбира еротските потреби и чувства на партнерот. Сака класични пози, но нема да ја одбие понудата за егзотична варијанта. Освојувајте го полека. Ќе ви донесе сигурност и големо задоволство.
Идеален партнер: Скорпија, јарец, риби

Близнаци
Жена: Заводлива и шармантна. Слободен дух, кој не сака да го ограничува партнерот. Сака да се дружи, да излегува често и да создава нови пријателства. Ужива во големиот спектар на еротски игри, од вербалното додворување до тивкиот шепот и провокативното однесување и предизвикување. Има фантазија, љубопитна е, го задржува долго младешкиот дух, по што мажите никогаш не ја забораваат. Секогаш е поразлична, подготвена на нови и различни експерименти во име на задоволството.

Маж: Интелигентен, духовит и интересен. Не му одговара партнерка која очекува сериозна врска. Покрај него иднината е неизвесна, но сегашноста секогаш забавна. Ужива да води љубов пред огледало и со запалени светла. Ја обожава разновидноста.
Идеален партнер: Вага, лав и водолија.

Рак
Жена: Сензуална и срамежлива. Потребно и е да се увери во искреноста на партнерот за да се препушти на еротиката. Ја освојуваат комплименти, а можжете да ја опуштите со долга предигра и бакнување на градите. Нејзината срамежливост исчезнува со текот на годините. Кога ќе стекне животно искуство и самодоверба станува почувствителна и посексуална. Ужива во нежно милување и бакнежи.Ја одбиваат груби и наметливи мажи кои сакаат брз секс.

Маж: Сентиментален, со променливо расположение и подготвен за докажување на љубовта. Бидејќи е малку несигурен, обожава кога е поискусен од партнерката. Ужива да и ги открива тајните на сексот. Сака долга предигра во која секогаш се стреми да ја задоволи партнерката.
Идеален партнер: Бик, девица, риби

Лав
Жена: Доминантна и достоинствена. Очекува мажот да и се додворува и восхитува, да ја обожава и опсипува со внимание. Кога ќе се разбуди нејзината страст, огнена е и бурно реагира. Обожава да води љубов пред огледало кога нејзиниот партнер би се восхитувал и на нејзиното тело и убавина.

Маж: Полн со самодоверба, великодушен, огнен, но и ранлив. Лесно можете да го освоите со ласкање. Очекува неговата избранчика да биде секогаш расположена за секс. Предиграта за него е кратка, но издржлив. Го возбудува кога жената во сексот е потчинета, кога губи контрола и вреска.
Идеален партнер: Вага, стрелец, водолија.

Девица
Жена: Сериозна, ненаметлива, одмерена во животот, но и во сексот. Ја одбиваат упорни мажи. Најпрво анализира, а потоа кога партнерот ќе ја здобие нејзината доверба, подготвена е за еротски контакт. Пред сексот предлага заедничко туширање или купка. Ужива доколку партнерот нежно ја милува околу папокот.

Маж: Промислен, нежен и обзирен. Не е романтичен, се додворува едноставно и го проучува однесувањето на жените пред да им пријде. Не е склон на вулгарни изливи на страста и не сака прирачници и книги за секс. Би ја прашал жената што сака и што и пружа задоволство.
Идеален партнер: Бик, скорпија, јарец

Вага
Жена: суптилна, отмена и префинето заводлива. Со годините станува поженствена и почнува да ужива во целиот чин на сексот, повеќе отколку во играта на заведување. Ја одбиваат неуредни и агресивни мажи. Сака дотеран и отмен партнер. Од сексот прави претстава. Може да се појави во предизвикувачка долна облека, чекајќи на реакцијата на партнерот. Заведува со бавно соблекување и предизвикувачко движење на телото.

Маж:Шармантен, заводлив, сака да освојува. Го привлекуваат префинети и отмени жени. Ужива во долга предигра и не сака кога жената брза. Се обидува секогаш да ја задоволи партнерката и подготвен е долго да води љубов се додека не ја доведе до оргазам.
Идеален партнер: близнаци, стрелец, водолија

Скорпија
Жена: Секси со силен еротски набој. Ги привлекува мажите со одот, насмевката и погледот. Енгергична е , водејќи се од инстинктот на срцето и телото. Таа е најсексипилна жена на зодијакот. Сака силен и издржлив маж. Делува воздржано, но во спалната соба нема предрасуди и ограничувања. Во младоста многу брзо станува свесна за својата сексуалност. Носи црна долна облека, високи потпетици и кратки здолништа.

Маж: Страствен, непредвидлив, мажествен. Љубоморен и перверзен. Тешко ја контролира својата сексуална енергија, потребна му е издржлива жена подготвена на изненадувања и предизвици.
Идеален партнер: Бик, јарец, риби

Стрелец
Жена: Отворена, искрена, дружељубива и со изразена смисла за хумор. Отворено разговара за сексот и смело се впушта во возбудливи, еротски авантури. Во младоста експериментира, во зрелоста цени квалитетни односи, така што освен сексотсо партнерот, го цени и пријателството. Ужива да води љубов на отворено, под ведро небо. Потребна и е слобода и контакт со природата. И одговара страсното милување и бакнежите секаде по телото.

Маж: Ведар, интересен соговорник, сака да се заљубува, но се плаши од зближување. Пред сè ја цени личната слобода. Играта на освојување и предиграта го возбудуваат повеќе и од самиот сексуален чин. Сака еротски игри и масажа на телото.
Идеален партнер: овен, лав, водолија

Јарец
Жена: Воздржана, на прв поглед студена и дистанцирана. Но, под студената површина се крие вулкан од страсти кој се вжештува со годините. Потполна сексуална зрелост доживува во средните години. Тогаш е самоуверена, без страв од одбивање. Мажите кои ќе проникнат во нејзината сексуална природа можат да очекуваат многу задоволства. Сака продолжено водење љубов, за што и е потребен издржлив маж. Не е за долга врска.

Маж: Серизен, често успешен, верен и самоуверен. Го привлекуваат интелигентни жени од кои очекува повеќе од секс- посветеност и поддршка. Поседува силна сексуална енергија и секогаш е подготвен да и пружи оргазам на својата партнерка.
Идеален партнер: бик, девица, скорпија

Водолија
Жена: Дружељубива, отворена, интелигентна, креативна. Бара идеален партнер и врска и затоа во младоста е склона кон истражување. Во средните години станува свесна за својот карактер и на сексот се препушта со уживање. Има фантазија, оригинална е , експериментира во барањето задоволство. Смета дека машкиот мозок е главен еротски орган. За неа не постојат табу теми.

Маж : Пасивен, очекува партнерката да ја преземе иницијативата. Жената најпрво го интересира како личност, а потоа еротски. Трпеливо освојува и сака долга предигра. За него страста е фантазија. Го привлекуваат еротски експерименти и искуства.
Идеален партнер: овен, близнаци, вага

Риби
Жена: Љубопитна, сензуална, интуитивна и романтична. На кокетен начин ги заведува мажите. Сонува за вечна љубов, поради што лесно се разочарува во младоста. Дури кога ќе стекне искуство, знае да го препознае совршениот за неа. Во кревет е подложна на сугестии. Лесно ги прифаќа предлозите на партнерот за нови пози и необични искуства. Се труди да го задоволи партнерот и смета дека во љубовта ништо не е забрането.

Маж: Емотивен, нестабилен и страствен.Го привлекуваат промени, а воедно тежнее кон емотивна стабилност. Тој е сонувач, кој чита поезија и повикува на прошетки под месечината. Кога ќе се заљуби, станува покорен. Сонува за доминантна жена.
Идеален партнер: рак, скорпија, јарец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş