Во “Iniala Beach House” на островот Пукет на Тајланд, живописното бегство од реалноста е загарантирано. Овој комплекс се наоѓа на само 20 минути возење од аеродромот во Пукет, но милион километри далеку од бучавата и урбаниот живот на островот.
Ова одморалиште на обалата на Андамсанското море е опкружено со совршени плажи, има 10 спални соби кои се сместени во 3 вили, како и спектакуларен пентхаус.
“Iniala Beach House” е креативно дело на 10 интернационални дизајнери, а екстериерот е модерен и изграден во сооднос со природата.
Секоја соба во ентериерот е изработена во единствен стил, бидејќи секој престој и искуство во ова место е неповторливо. Исклучителен дизјан, префинети детали, одлична храна и совршена услуга го красат ова луксузно мирно место создадено за уживање.