Исценирал цела лажна свадба за да ја запроси девојката

23 септември, 20140
Исценирал цела лажна свадба за да ја запроси девојката

Имаме видено најразлични интересни запросувања, креативни и неверојатни, но ниедно од нив не може да се спореди со она што го направил планерот на венчавки Џек, за неговата девојка Софија.

Исценирал цела лажна свадба, само за да ја побара за жена.

Направил цел документарец со слики од парот, сет листа на 80 гости, свадбена торта, хотел и сè што е неопходно за една свадба.

На свадбата ја повел и Софија заедно со нивниот син, додека во друга соба биле сместени сите нивни роднини и пријатели кои го чекале моментот кога тој ќе клекне пред неа и ќе го постави главното прашање.

Додека го играле првиот свадбен танц Софија му шепнала колку емотивно се чувствува и колку го сака, а истото ѝ го возвратил и тој.

Додека ѝ кажува дека околу нив има многу актери и многу нивни пријатели и како тој се чувствува, клекнал пред неа прашувајќи ја дали ќе се омажи со него.

Таа воодушевено прифатила и во тој момент влегле сите нивни роднини и пријатели за да им честитаат, продолжувајќи ја вистинската веселба.

Погледнете го видеото:

http://vimeo.com/104537366

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *