Ако барате романтика, ќе ја најдете со сигурност каде ако не во Италија. Освен самата атмосфера на малите гратчиња кои изобилуваат со преубава…
…архитектура и посебен шарм, и локалите во овие места се посебно убави и уникатни.
Ова е еден од најубавите ресторани на Јадранското Море, сместен во пештера.
Лоциран е во склоп на хотелот Grotta Palazzese во малото гратче – Polignano a Mare.
Со преубав поглед на морето, ентериер дизајниран по светски стандарди, гостите може да уживаат во италијанските специјалитети.
Уникатна атмосфера и место кое навистина вреди да се посети доколку сте во можност.