Кокаинот и пропофолот ја убиле Ивана!

25 декември, 20140
5
Резултатите од обдукцијата извршена над мртвото тело на триесет и едногодишната Србинка покажале дека таа во крвта имала и поголема количина на кокаин.

Имено, резултатите од обдукцијата на покојната Ивана Бодрожиќ (31) покажале дека таа починала од смртоносната комбинација на кокаинот и анестетикот пропофол. Исто така, поради прекумерната доза од анестетикот, следено забавено дишење, кое довело до гушење и застој во работата на срцето.


Користела седативи

Нада Бодрожиќ во текот на истрагата навела дека Ивана, по смртта на својот татко, често пиела најразлични седативи, па дури и пропофол. Доказ за тоа дека Ивана користела седативи е и фактот што по спроведениот увид, во нејзината чанта била пронајдена и кутија со апчиња кетонал за возрасни.

“Ги чекам официјалните резултати, по кои што мојот адвокат ќе знае дали треба да бараме ново вештачење и анализи на друг институт”, изјавила Бодрожиќ.


Се уште се чекаат токсиколошките наоди кои што во целост ќе разоткријат како починала несреќната девојка. Од кого таа го набавила кокаинот, веројатно ќе остане засекогаш непознато.

Токму поради поголемата доза на кокаин, во текот на кобниот ден во хотелот “Hyatt” во собата 326, Ивана не можела да заспие. Затоа и бил потребен анестетикот пропофол кој што зависниците го користат за “смирување”, а докторите во операционата сала истиот го користат како анестезија.


Поради тоа Ивана го повикала медицинскиот брат Љубиша П. (50), велејќи му дека и се лоши и дека “никако не може да заспие”. Потоа тој дошол во хотелот, носејќи ја во ВМА, каде што медицинската сестра во раката и наместила браунила, но пропофолот не и бил даден во таа установа.

Според досегашните информации, Љубиша потоа ја вратил несреќната девојка назад во хотелот, со браунилата ставена во десната рака. Во собата, во која, според снимките, отпечатоците и ДНК трагите, не влегувал никој друг освен Ивана. Таа самата ги искористила двете ампули пропофол.


“Како што покажа обдукцијата, комбинацијата од кокаин и пропофол била кобна за Ивана. Тоа го забавило дишењето и работата на нејзиното срце, по што дошло до гушење и на крајот, престанување на дишењето и работата на срцето”, изјавил неименуван извор близок до истрагата.

Кога станува збор за сомнителните модринки кои што Ивана ги имала по телото, се верува дека истите не настанале по насилен пат, туку по нејзината смрт или како последица од користењето на дрога.

Собарката на хотелот на 11 декември во собата 326 затекнала морничава глетка. Несреќната девојка лежела свртена настрана, во фетус положба покрај креветот, облечена само во гаќи и тенка блуза, со забоден шприц во раката, додека друг искористен шприц имало веднаш покрај нејзиното тело.


По разоткривањето на случајот, белградската полиција ги земала снимките од надзорните камери, отпечатоците и ДНК од кваките, браунилата, компјутерот и мобилниот телефон на несреќната Ивана.

Мајката на Ивана, Нада Бодрожиќ, како и сопственикот на српската телевизија “Pink”, Жељко Митровиќ, со кого Ивана била во врска во последните седум години, навеле дека не се сомневаат дека станува збор за насилна смрт, нагласувајќи дека само сакаат да се открие кој и го продал анестетикот.


По спроведената истрага, полицијата пристигнала до Љубиша од ВМА и медицинската сестра Софија К., која и претходно ја снабдувала Ивана со пропофол.

“И двајцата беа сослушани од страна на воената полиција. Љубиша признал дека ја одвел во ВМА, меѓутоа не и дека и го продал анестетикот. Не може да се каже дека на полиграфот падна, но не и дека помина, затоа што имаше чудни реакции. Софија пак се негираше”, вели изворот.

“Сепак, станува збор за друга сестра, но ставањето на браунилата не е кривично дело, додека пак снабдувањето со пропофол е! Затоа ќе ја продолжиме целата истрага, а ако се покаже дека анестетикот потекнува од ВМА, ќе одговараат сите, па дури и шефот на одделението”, додал соговорникот на српскиот магазин.


Втора тетоважа

Во својот исказ Жељко Митровиќ изјавил дека Ивана повремено запаѓала во депресивни расположенија и на него, и на неговата мајка, често им испраќала пораки со кратка содржина – “ќе се убијам”.

“Ја враќавме од мртвите барем три пати”, изјавил Жељко, наведувајќи и дека Ивана користела полесни дроги кога одела на најразлични забави. Покрај тетоважата на грбот под вратот, со натписот “Жељко”, на дното од грбот Ивана имала тетоважа со матичниот број на нејзиниот партнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *