Колку килограми неделно е здраво да се изгубат?

16 октомври, 20140
11

Како многу работи во животот, губењето на килограмите може да биде и тоа како стресно. Иако строгата диета е најлош начин за топење на килограмите, во поголем број случаи тоа е единствена опција. Но, на што треба да внимавате?

Лошата страна на разните хит диети секако е фактот дека еднаш откако ќе ги “скинете” килограмите, за брзо време повторно ќе ги вратите и долгорочно нема да можете да се ослободите од нив. Зошто е тоа така? Одговорот е многу едноставен. Сите тие се направени врз основа на пребрзо слабеење во прекраток период, што никако не се препорачува.

Но, колку килограми е најдобро и најздраво да се ослабат неделно за трудот да биде исплатлив?

zdravo-slabeenje

Совршена мерка = 500 калории дневно

Според истражувањата од американскиот Национален институт за здравје, најздрав начин за слабеење е околу еден килограм неделно. Ако половина килограм се изедначи со 3.500 калории, па таа количина ја поделите на седум дена, доаѓате до пресметка дека дневно мора да внесувате 500 калории помалку.

Секако, освен внесувањето на помала количина на храна, треба и да вежбате. Но не заборавајте дека овие бројки се однесуваат на една просечна личност со класична исхрана и класичен начин на живеење.

“Губењето на килограми мора да биде поврзано со телесната маса. Ако човекот има поголема количина на масти, тогаш со ваквиот режим може да изгуби и повеќе килограми неделно”, тврди Том Венуто, автор на книгата “Burn the Fat, Feed the Muscle”.

“Ако оваа бројка ја индивидуализираме, можеме да заклучиме дека секој човек може неделно да изгуби 1% од својата маса, што значи ако човек тежи 150 килограми, дозволеното губење е 1.5 килограми неделно“, наведува Венуто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş