Есента ни ги носи не само долго очекуваната свежина и студен ветер, туку и потребата за промена на гардеробата.
Една од најважните работи е за кои треба да размислиме е топлата и практична облека која е стилска, а истовремено удобна како за секојдневниот живот.
Добар избор за да ве стоплат во ладните есенски денови се џемперите. Дали ќе бидат во темни, есенски бои или во силни и весели бои џемперите се интересен дел од гардеробата.
Во секојдневна комбинација заедно со пар фармерки, чизми и кратка јакна изгледа одлично. Направете и храбар, необичен потег – комбинирајте кратко здолниште, еднобојни хулахопки и високи чизми заедно со интересниот џемпер со апликација.
Кога станува збор за боите, придржувајте се до потемните тонови како што се есенските црвени, портокалови и кафени, црната боја, сивата или пак белиот џемпер со шарена апликација.
Погледнете неколку модерни есенски комбинации со интересни џемпери кои ќе ви послужат како модна инспирација.
Ако имате долг и поширок џемпер, тогаш ви требаат и едни добри чизми, рамни и до колена , и со оваа комбинација може да одите било каде и да ви биде удобно и топло.
Тесните фармерки или здолништа и широкиот џемпер се одлични во комбинација со високи чизми, шпиц потпетици, широки или плик чанти зависно од пригодата, топли капчиња и есенски шешири, големи и впечатливи огрлици, прстени, бразлетни…
Дали би носеле широки и долги џемпери кога температурите ќе бидат ниски?
Џемпер – мантил. За поостар изглед овој модел во темно сива нијанса комбинирајте го со кожени панталони и чизми во војнички стил.