Наркобосови од Филипините уживале во затворски луксуз

22 декември, 20140
Наркобосови од Филипините уживале во затворски луксуз
Џакузи, луксуз, стриптизети, алкохол, дрога – сето тоа во изобилие го имале наркобосовите во инаку преполните филипински затвори, додека не избил скандалот кој бил откриен поради музичката кариера на уметникот “Херберт Ц”, кој од затворот водел дискографски бизнис.

“Сите одговорни ќе бидат казнети”, ветил претседателот Бенињо Акуино во вторникот, кога избил скандалот, по што полицијата упаднала во затворот “Билибид” во близина на Манила и се уверила дека затворските казни на наркобосовите се претвориле во “рај зад решетки”.

Тука затворениците живееле во 20 “вили”, опремени со клими уреди, бањи и телефони, со компјутери, амфетамини, алкохол и стриптизети на располагање.

Сиот тој луксуз го уживале во затворот во кој обичните затвореници се бореле за животен простор, бидејќи 23.000 биле сместени во просторија предвидена за 8.900.

Била отворена истрага, а “ВИП” затворениците биле преместени во строго чувана установа.

Но, рацијата ја завршила затворската музичка кариера на Херберт Коланго, кој во затворот направил студио какво што би посакале и телевизиските куќи. Му биле одземени часовници од марка “Rolex” и “Patek Philippe”, и три сефа полни со пари и златен накит.

 

https://www.youtube.com/watch?v=owbG9d1pzFE

“Отсекогаш сонував да станам пејач”, рекол Херберт, додавајќи дека е добро образована личност и дека е само жртва.

Во 2014. година го објавил албумот “Kinabukasan” со 10 песни, кој е достапен на “iTunes” за 3,99 долари, а илјадници корисници го погледнале и неговиот спот “Pano Yon”.

Во друг спот, Херберт во затворската спортска сала, свечено прима платинеста плоча бидејќи продал 15.000 примероци од својот албум, пренесува Yahoo News.

Коланго бил осуден на 12 години затвор во 2009. година, бидејќи десет години ограбувал банки низ Манила и други делови на земјата.

Според податоците на Transparency International, Филипините според корупцијата се сместени на 85. место од 175 земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi