Судбоносно „Да“ во облаци – венчавка од соништата на хелидромот на Бурџ Ал Араб во Дубаи

22 декември, 20140
Судбоносно „Да“ во облаци – венчавка од соништата на хелидромот на Бурџ Ал Араб во Дубаи

Ако мислевте дека вие имате оригинални и авантуристички идеи за венчавката, церемонијата на хелидромот на Бурџ Ал Араб во Дубаи ги поместува сите граници.

Роџер Федерер тука играше тенис, Тајгер Вудс го удри голф топчето од небеските висини, а сега секој пар кој може да си дозволи ќе има шанса тука да ги размени брачните завети.

За околу 45.000 евра младоженецот и невестата ќе пристигнат со хеликоптер Augusta 109, а на располагање имаат и Rolls Royce автомобил ако не се за летање.

По церемонијата, штотуку венчаниот пар добива едно ноќевање во луксузните апартмани на Бурџ Ал Араб.

Во вртоглавата цена од 45.000 евра спаѓа и користењето на спа центарот, шопинг со личен асистент, приватни консултации со главниот шеф на кујната и сите лица кои ја организираат венчавката, а во случај младоженецот да има „две леви нозе“ во цената се вклучени и часови за танцување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş