Негативни карактеристики на хороскопските знаци

11 септември, 20140
13

Овен – Агресивен манипулатор кој плаче ако не е сè по негово. Нема трпение, ниту такт, бргу се откажува. Гласни се и напорни, многу зборуваат, но ништо не кажуваат. Мажите се опсднати со секс. Женските овнови бараат возбудлив алфа мажјак за парнер, но секогаш наидуваат на некој папучар.

Бик – Досадни, мрзливи, а животот им се врти околу доручек, ручек, вечера и сите други меѓуоброци. Не сакаат промени, тврдоглави се, сакаат да трошат пари на себе. Кога ќе ве угости, за себе ги чува најубавите специјалитети и квалитетните пијалоци, а вие ќе бидете понудени со вода, или ако посебно им сте мили, со Цедевита.

Близнаци – Напорни луѓе кои не можат да молчат дури животот да им зависи од тоа. Се снаоѓаат во политиката, бидејќи се бесрамни луѓе. Како пријатели се ноќен кошмар, на нив не можете да се потпрете. Ако не сте им интересни, ќе најдат нов најдобар пријател, кој ќе има време за нивните приказни и озборувања, сè додека не сфати дека тоа е единственото нешто што површниот близнак има да раскаже.

Рак – Сакаат да мислат дека се обѕирни и грижливи луѓе кои често се грижат за другите, но она што тие го сметаат за искажување на внимание, околината го гледа како посесивно и опседнато однесување. Сакаат да пивнат повеќе, затоа што според нив, ги огодува тоа што светот е место полно со страдање. Вистината е дека се вистински мрзливци, кои сакаат да јадат и пијат и ја користат секоја пригода за да си удоволат.

Лав – Вообразениот лав ако не е во центарот на вниманието, доживува нервен слом. Преокупиран е со себе и со своата големина па затоа често воопшто не ги слуша другите и не забележувашто се случува околу нив. Сакаат да истакнат колку се широкогради и услужни, но вистината е дека сè што прават, го прават за признание и благодарност. Ако ви помогнат нешто, морате до крајот на животот да им кажувате колку се прекрасни.

Девица – Сè нешто приговараат, критикуваат и бараат влакно во јајце, поради што е чудно што воопшто имаат луѓе околу нив кои ги трпат. Тие се толку фрустрирани и злобни, што приговарањето, критикуањето и „убивањето некого во поим “ им доаѓа како хоби. Опседнати се со хигиената, здавјето и чистотата, а тоа се и единствените теми на кои умеат да разговараат.

Терезија – Досадна и вообразена, терезијата многу време поминува пред огледало, восхитувајќи му се на своето лице, убавина и на насмевката. Со оглед на тоа што е многу мрзлива, низ животот се провлекува за сметка на надворешниот изглед, што со годините станува сè потешко. Сами не се способни да днесат некаква одлука.

Скорпија – Манипулатори кои светот го гледаат од негативната страна. Исклучително се интелигентни, но тој свој ум го користат за да се одмаздат некому или за да го уништат. Љубоморни се и посесивни, па затоа редовно го следат својот партнер. Скорпиите се опседнати со сексот, а досадуваат и со приказните за смрт, духови, минатиот живот и останати работи кои нормална личност не би ја интересирале.

Стрелец – Живеат од денес за утре, главно на сметка на некој друг. Мрзливи, но сакаат лесен живот, па често се прилепуваат за некој поспособен и побогат од себе, кој ќе им осигури средства. Многу се напорни и имаат чуден, детинест смисол за хумор кој никој освен нив самите не го разбира. За себе велат дека се филозофи со душа на поети, а всушност се неработници кои малтретираат со филозофирање за „длабоки теми.

Јарец – Многу се скржави, затоа немојте да му се обраќате за позајмица. Нивна главна цел во животот е да поминат што подобро со што помалку пари, затоа често се храни кај пријатели или роднини, носи подарена облека и со неа се фали. Освен што е скржав, јарецот ги мрази луѓето, се околу себе смета за глупо и досадно и им го расипува расположението на другите со својот песимизам.

Водолија  – Лажни алтруисти, на кои животен сон им е да основаат секта која ќе ја водат. Освен што делуваат како лажни пророци, овие неработници често сонуваат да станат апстактни сликари, вајари или уметници, кои глупоста ќе ја наречат уметност. Се гордеат со својата благородност, но во суштина се себични лица кои им помагаат на другите само ако од тоа имаат корист.

Риби – Губитник кој живее во лажно уверение дека е поет и романтичар, а е најобичен џабелебојадец. Бидејќи не знае да ги распознае и оддели стварноста од фантазијата, често се заљубува во некој чија слика ја видел на Фејсбук и со него одржува врска, иако другата страна за тоа не е свесна. Многу кои демнат, праќаат заканувачки писма или на било кој друг начин ја малтретираат недолжната околина се родени во овој знак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *